Утрински Весник
Македонија

Мрежата за заштита од дискриминација: Собранието итно да избере членови на Комисијата за спречување и заштита од дирксиминација

СДСМ: Врв на неодговорноста, ВМРО-ДПМНЕ блокира 100 милиони евра во време на криза

Мрежата за заштита од дискриминација бара Собранието итно да спроведе постапка за избор на два члена на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

dobivaj vesti na viber

Оттаму велат дека Комисијата за избор и именување веќе доцни, односно не ги почитува роковите од членот 18 од Законот за спречување и заштита од дискриминација.

„ Јавниот оглас беше објавен на 15 февруари и траеше до 15 март 2023. Согласно член 18 став 3 од Законот за спречување и заштита од дискриминација, Комисијата за избор и именување на Собранието во рок од 14 дена по истекот на рокот на огласот треба да достави утврдена предлог – листа на кандидати до Собранието. Комисијата за избор и именување треба да организира јавна расправа по пријавените кандидати на која треба да ги повика сите заинтересирани чинители, а особено здруженијата на граѓани кои работат во областа на човековите права, еднаквоста и недискриминацијата“ соопштија од мрежата.

Апелираат изборот да се изврши по заслуги, да се изберат стручни и независни експерти како членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

„ Исто така, потсетуваме дека членовите мора да имаат минимум седум години работно искуство во областа на човековите права, од кои пет во областа на еднаквост и недискриминација (член 17 од Законот за спречување и заштита од дискриминација). Потсетуваме дека избор на членови кои не ги исполнуваат критериумите, односно по партиски клуч, ја загрозува и анулира улогата на Комисијата, нејзината независност гарантирана со закон, директно влијае на (не)довербата на граѓаните во институцијата и доведува до несоодветно спроведување на Законот, со што се спречува процесот на унапредување на еднаквоста во општеството. Од друга страна, потсетуваме за недостатокот на родова еднаквост помеѓу членовите на Комисијата, само една жена наспроти четири мажи. Исто така, потенцираме дека во претходните постапки за избор на членови на КСЗД аплицираа повеќе жени и припадници на маргиналзирани групи законските критериуми аплицираа, но не беа избрани за членови. Оттука, овие две места треба да се пополнат со жени и/или жени од маргинализирани групи, доколку помеѓу кандидатите има лица со овие карактеристики кои ги исполнуваат условите за стручност и независност“ додаваат од Мрежата за заштита од дискриминација.

Собранието треба да избере два члена на Комсијата за спречување и заштита од дискриминација, за да ги пополни позициите кои долго време се празни, поради што институцијата работи со недоволно капацитети за да ги оствари законските надлежности.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!