Во Арената „Борис Трајковски” се одржа Балканско првенство во бодибилдинг и фитнес и Херкулес Гранд При, каде Mozzart, повторно се јави како спонзор и уште еднаш даде свој придонес во развојот на овој спорт.
Регионалниот лидер во приредување игри на среќа продолжува со поддршка на Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија и дава поддршка во сите нивни успешни натпреварувања.
Претседателот на Федерацијата за бодибилдинг и фитнес на Македонија, Бобан Ѓороски упати голема благодарност до Mozzart за соработката и помошта која ја добиваат, а кои се од голема важност за нив.
„Голема благодарност до компанијата Mozzart за соработката и помошта што повторно ја имавме при организација на настаните кои се одржаа викендов, а кои беа од голема важност за Федерацијата. Јас се надевам дека нашата соработка не застанува тука и дека истата ќе продолжи и натаму се со цел организација на повеќе вакви настани и постигнување на поголеми успеси и освоени медали во иднина“, изјави Претседателот на федерацијата за бодибилдинг и фитнес на Македонија, Бобан Ѓороски.
На Балканското првенство во бодибилдинг и фитнес кое се одржа викендов во Скопје, учество земаа натпреварувачи од Македонија,Србија, Хрватска, Романија, Албанија,Бугарија,Турција, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.
Mozzart и натаму ќе продолжи да го поддржува спортот во Македонија и да биде активен учесник во организација на вакви и слични настани.
ПР