Утрински Весник
Спорт

Може ли РК Вардар да го земе скалпот на Рајн Некар?

Може ли РК Вардар да го земе скалпот на Рајн Некар?

РК Вардар 1961 по една година пауза се враќа на европската сцена, а поранешниот европски првак за ривал го има германскиот Рајн Некар Левен во квалификациите за пласман во Европската ЕХФ лига.

dobivaj vesti na viber

„Црвено-црните“ минатата сезона ја завршија на третото место во домашниот шампионат, па ќе мора да минат едно квалификациско коло за да обезбедат пласман во групната фаза.

Првиот дел се игра вечерва во 19 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Вардарци имаат многу промени во тимот оваа сезона, а тренерот Владо Недановски верува дека неговиот тим може да одигра добар меч.

„Имаме можност да играме со одличен тим, да провериме какви се нашите можности, да уживаме во дуели со квалитетен ривал. Верувам дека можеме да бидеме конкурентни“, изјави тренер на Вардар, Владо Недановски.

 

Можете да прочитате

Одби да се бори против Израелец – алжирски џудист дисквалификуван од ОИ

Надал за мечот со Ѓоковиќ на Олимпијадата: Веројатно тој е јасен фаворит

Најдобриот во светот загуби, па направи хаос