Утрински Весник
Спорт

Мотивациски говор на Анчелоти и провокација упатена кон Барселона

Мотивациски говор на Анчелоти и провокација упатена кон Барселона

Во недела ќе се одигра првото Ел калсико оваа сезона. Реал, од 16:15 часот ќе ја пречека Барселона.

dobivaj vesti na viber

Двата тима, во дербито влегуваат со ист број на бодови, Барса е прва на тебелета благодарение на подобрата гол-разлика.

Шпанските медиуми ги пренесуваат зборовите кои тренерот на Реал, Карло Анчелоти наводно им ги кажал на своите играчи на тренингот во четвртокот.

„Барселона е мртва во моментов и единствениот начин да оживее е да не победат во недела. Не можеме да дозволиме повторно да не победат. Ова е финале“, рече Анчелоти.

Неговата изјава може дополнително да ги мотивира сите во Барселона, а токму мотивацијата може да биде пресудна на ваквите дуели.

Можете да прочитате

Вечерва се враќа Лигата на шампиони

ФИФА го осуди однесувањето на фудбалерите на Сенегал

Ојлески ново име во составот на македонската репрезентација