Утрински Весник
Македонија

Мостот на поезијата во Струга ќе биде затворен за сообраќај денес и утре

Svp 2.gif

Поради поставување сценографија на Мостот на поезијата за свеченото затворање на Струшките вечери на поезијата утре и в недела ќе биде затворена за сообраќај дел од улицата „Партизанска“ во Струга, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, затворен за сообраќај ќе биде Мостот на поезијата од 15 часот в сабота до недела на полноќ.


Традиционално, Струшките вечери на поезијата завршуваат в недела со манифестацијата „Мостови“ на Мостот на поезијата, со поетски читања и врачување на највисоките признанија, наградите „Златен венец“, „Мостови на Струга“ и „Браќа Миладиновци“.

Можете да прочитате

Стојанов: Во име на парите и криминалот ни отидоа децата

Кривични пријави за три локали во Аеродром – точеле алкохол на малолетници

Мицкоски на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде” во Тетово