Утрински Весник
Свет

Москва до Западот: Нуклеарна војна не може да се добие и никогаш не треба да се води

Москва до Западот: Нуклеарна војна не може да се добие и никогаш не треба да се води

Москва строго и доследно се води од принципот дека нуклеарна војна не може да се добие и дека никогаш не треба да се води. Ова го соопшти руското Министерство за надворешни работи, повикувајќи ги другите нуклеарни сили на дело да покажат дека и тие се посветени на тој принцип.

dobivaj vesti na viber

„Цврсто веруваме дека во ваква тешка и турбулентна ситуација, која е резултат на неодговорни и срамни дејствија насочени кон нашата национална безбедност, апсолутен приоритет е спречувањето на воен конфликт на нуклеарните сили“, се вели во соопштението на руското Министерство.

Понатаму се наведува дека Русија цврсто стои зад заедничката изјава на „нуклеарната петорка“ потпишана на 3 јануари, која ја потпишаа и САД, Велика Британија, Франција и Кина.

Русите ги повикуваат и другите членови на „нуклеарната петорка“ да престанат со нивните опасни намери да се мешаат меѓусебно во виталните интереси и да престанат да поттикнуваат провокации со оружје за масовно уништување, бидејќи тоа може да има катастрофални последици.

„Ги предупредивме САД и нивните сојузници, неколку пати, дека со постојано испраќање оружје во Украина, тие станаа соучесници во војната, а исто така јавно го обвинивме Киев за нуклеарна уцена, вклучувајќи го и планот за употреба на „валкана бомба“, според официјална Москва.

Осврнувајќи се на западните обвинувања дека Русија се заканила дека ќе употреби атомско оружје во Украина, Министерството за надворешни работи рече дека околностите во кои Москва може да прибегне кон такво оружје се „исклучително јасни, чисто одбранбени по природа и не дозволуваат широко толкување“.

„Употребата на нуклеарно оружје од страна на Русија хипотетички е дозволена само како одговор на агресија извршена со употреба на оружје за масовно уништување или агресија со употреба на конвенционално оружје, кога е загрозено самото постоење на државата“, објави Министерството.

Можете да прочитате

Лавров: Русија ја повтори својата позиција за Украина во разговорот со Рубио

САД подготвуваат предлог-закон за санкции од 500 отсто за земји што купуваат руска енергија

САД воведуваат 35 отсто царини за Канада, Трамп најавува тарифи за повеќето трговски партнери