Утрински Весник
Свет

Москва ја зафати невреме, се формираше торнадо: Најмалку две лица загинаа

Moskva Uragan 1.jpg

Бројни видеа објавени на социјалните мрежи покажуваат како московјани трчаат за да се заштитат додека невремето беснее низ улиците на градот. Многу патишта беа поплавени, а недалеку од главниот град на Русија се формираше торнадо.

Москва вчера попладне ја опустоши силно невреме. Врнеше силен дожд, а екстремните налети на ветерот откорнаа стотици дрвја и убиja најмалку две лица, пишува Moscow Times.
Еден човек загина во близина на паркот Дубки во северниот дел на Москва кога налетите на ветар со брзина од 18 до 23 метри во секунда откорнале дрво кое потоа го здробило. Државните медиуми подоцна објавија дека уште едно лице загинало во невремето, донесено од силниот студен фронт.

Најмалку 10 лица се повредени во невремето.

Бројни видеа објавени на социјалните мрежи покажуваат како московјани трчаат за да се заштитат додека невремето беснее низ улиците на градот. Многу патишта беа поплавени, а недалеку од главниот град на Русија се формираше торнадо.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, во средата предупреди на пристигнување на силно невреме, а властите подоцна активираа метеоролошки аларм за Москва.

Видеото

Можете да прочитате

Вечерва прва дебата меѓу Бајден и Трамп

Илјадници англиски лекари штрајкуваат непосредно пред парламентарните избори на 4 јули

Вирусот Мпокс се заканува да се шири низ целиот свет