Утрински Весник
Свет

Moсква ја отфрли идејата на Зеленски за референдум и инсистира на мир

Moskva1 678x381 1.jpg

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес изјави дека Москва инсистира на мир, а не на прекин на огнот, и ја отфрли идејата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за референдум за териториите.

„Ако идејата е да се создаде изговор за барање прекин на огнот, пауза на фронтот, тогаш природно тоа нема да функционира. Бидејќи сакаме да работиме на мир, а не на прекин на огнот“, рече Песков, пренесува РИА Новости.

Портпаролот додаде дека прекинот на огнот би бил „измама и трик“ и дека мирот во Украина мора да има „сигурни гаранции“. Москва нагласува дека регионите што станаа дел од Русија се составен дел од земјата. Минатата недела Путин разговараше со американски пратеници за мировната иницијатива на САД, но компромис не е постигнат. Зеленски отпатува во Велика Британија за разговори со европските лидери, но според медиумите, не направи отстапки по територијалното прашање.

Можете да прочитате

„Вашингтон пост“ почна со отпуштања вработени во речиси сите редакции во обид да ги намали загубите

Жените во Иран сега имаат право да возат мотоцикли и скутери

Кремљ ги потврди контактите со официјален Париз за можна средба Путин – Макрон