Утрински Весник
Спорт

Мората се здоби со тешка повреда на главата по сударот со Павловиќ на тренинг

Morata Milan1.jpg

Фудбалерот на Милан, Алваро Мората се здоби со тешка повреда на главата и е примен во болница по сударот со соиграчот Страхиња Павловиќ на денешниот тренинг.

Мората за време на утринскиот тренинг се здоби со сериозна повреда на главата при судирот. Брзо беше пренесен во болница, а прегледот со магнетна резонанца беше негативен. Алваро е подобар, но ќе остане на опсервација во болница, како што налага протоколот во слични ситуации“, се вели во соопштението за медиумите на Милан.

Италијанските медиуми објавија дека Мората се повредил во судир со српскиот дефанзивец Страхиња Павловиќ.

Мората ќе го пропушти претстојниот првенствен натпревар против Каљари во сабота.

Мората му се приклучи на Милан од Атлетико Мадрид во текот на летото и оттогаш постигна три гола на 12 натпревари во сите натпреварувања, вклучувајќи ја и победата во вторникот со 3-1 над Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Можете да прочитате

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Инфантино: Мундијалот 2026 ќе биде најдобриот во историјата

ПМФЛ: Шкендија го совлада Башкими