Утрински Весник
Македонија

Морачанин: Не очекувам договор од лидерската средба

Морачанин: Не очекувам договор од лидерската средба

Договор од лидерската средба нема да има. Ова е очекувањето на Маја Морачанин, претседателка на ДОМ. Ќе се разговара за уставните измени, кажа таа. Целта е приближување кон европските интеграции. Според Морачанин, предвремени избори нема да има. Таа додаде: „Условување не носи кон консензус“.

dobivaj vesti na viber

„Не очекувам денеска договор, имајќи ги во предвид изјавите од опозицијата дека тие се против се уште и бараат дополнителни гаранции за промена на Уставот. Но добро е да разговараме заеднички, за вакви стратешки прашања. Да има широк консензус“, кажа Морачанин.

Таа очекува да чуе какви гаранции и од кого се бараат, за ВМРО-ДПМНЕ да гласа за вметнување на Бугарите во Уставот.

„Не можам да знам кои се гаранциите кои тие ги бараат. Чекам да кажат кои се тие гаранции кои ги бараат, кој тип на гаранции се“, кажа Морачанин одговарајќи дали власта е подготвена да ги даде гаранциите.

Можете да прочитате

Три опожарени депонии за една недела, АНБ презема засилени безбедносни активности

Тошковски: Се уште не можам да откривам кој стои зад пожарите

Анкета: 47% од граѓаните сметаат дека Македонија оди во погрешна насока