Утрински Весник
Свет

Монсунските дождови предизвикаа страшни поплави во Авганистан, најмалку 30 загинати

Монсунските дождови предизвикаа страшни поплави во Авганистан, најмалку 30 загинати
Dik 300x250 mk

Најмалку 30 лица загинаа откако монсунските дождови во Авганистан предизвикаа поплави кои однесоа куќи, соопшти денеска Министерството за одбрана.

dobivaj vesti na viber

Мохамад Шафи Рахими, портпарол на министерството, објави дека 26 лица загинале во областа Јалерез, лоцирана на 46 километри источно од Кабул. Стотици куќи, главно изградени од земја, беа однесени од водата.

Уште четири лица загинаа во Кабул, а вкупно 70 лица се повредени во двата окрузи, рече Рахими, додавајќи дека се уште се трага по 40 лица. Портпаролот на талибанците Забихула Муџахид објави порака со сочувство и ги повика хуманитарните групи и властите во Кабул да им помогнат на настраданите семејства.

Во минатогодишните монсунски дождови во Авганистан загинаа неколку десетици луѓе, а стотици куќи беа уништени.

Можете да прочитате

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил

Русија: За да биде потпишан мировен договор, Токио треба да се откаже од антирускиот курс