Утрински Весник
Свет

Монд“: Операцијата Курск ги наруши плановите за преговори меѓу Украина и Русија

20240824174823 Big 730x400 6.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Украина и Русија планираа да преговараат за делумен прекин на огнот, но тоа беше нарушено поради офанзивата на украинските вооружени сили во областа Курск, пренесува парискиот весник „Монд“, цитирајќи неименуван украински функционер.

Според изворот, идејата за преговори се создала по јунскиот мировен самит за Украина.

„Катар предложи преговори за енергетика и сакаше Русија и Украина да учествуваат во нив за да се постигнат конкретни, опипливи резултати. Но, неодамнешната ескалација на украинските упади на Курск ја одложи оваа одлука. Преговорите требаше да се одржат на крајот од август“, додаде изворот.

Можеби не е случајно што самитот во Швајцарија се одржа во алпското одморалиште Бургенсток, во сопственост на катарски ланец хотели, пишува парискиот весник.

Во исто време, според изворот, Украина е решена да продолжи да работи на мировните преговори, но без Русија.

„Можеби изгледа чудно да се каже дека е возможно да се преговара за мир без Русија, но тоа е всушност возможно и ќе работиме на тоа“, рече тој, цитиран од „Монд“

Можете да прочитате

Повеќе од 200 цивили убиени во етнички напади на РСФ во регионот Дарфур

Приведени 40 лица поради непријавен огномет во близина на Ајфеловата кула

Украина ноќеска соборила 30 дрона, Русија неутрализирала 25, запалена е рафинерија во Самарскиот регион