Утрински Весник
Македонија

МОН воведува нови стипендии – 24info.mk

Mon logo 133 1.png

Министерството за образование и наука годинава исто така за прв пат ќе додели и 7 стипендии за втор и 5 стипендии за трет циклус на студиски програми за изучување на македонскиот јазик. Конкурсите се веќе објавени.

За стипендија за втор циклус студии чиј износ е 9.000 денари и се доделува 9 месеци во годината, можат да аплицираат државјани на Македонија кои имаат завршено прв циклус на студии со најмалку 8,00 просечен успех, да се запишани на акредитирана студиска програма по македонски јазик на втор циклус за прв пат во академската 2025-2026 година и да не се корисници на стипендија од други даватели.

Кандидатите пак, за стипендија за трет циклус на студии чиј од18.000 денари која се доделува 12 месеци во годината, треба да се државјани на Македонија со завршен втор циклус на студии со најмалку 8,00 просечен успех. Треба да се запишани на акредитирана студиска програма по македонски јазик на трет циклус за прв пат во академската 2025-2026 година, да не се корисници на стипендија од други даватели и да имаат две препораки од универзитетски професори.

Аплицирањето е исклучиво електронски. Студентите кои ги исполнуваат условите, пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk заклучно со 9 јануари идната година.

Можете да прочитате

Коцевски предложен за разрешување поради крупни професионални грешки

Спасовски: Игнорирањето е најлош можен пристап кон семејствата на загинатите

Реакција на Министерството за одбрана на прес-конференцијата на СДСМ