Утрински Весник
Македонија

МОН: Пред 1 септември ќе се достават новите материјали за учење за прво, второ, четврто и петто одделение

МОН: Пред 1 септември ќе се достават новите материјали за учење за прво, второ, четврто и петто одделение

„Дистрибуцијата на новите материјали за учење кои ги подготви Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието, наменети за учениците од прво, второ, четврто и петто одделение за предметите за кои се изготвени нови наставни програми е во тек и ќе се заокружи пред почетокот на учебната година“ соопштија од МОН.

dobivaj vesti na viber

Оттаму појаснуваат дека „учениците нема да добијат скрипти, туку материјали кои се квалитетни, креативни и го разработуваат наставниот материјал за првото тримесечје. Во меѓувреме, во тек се постапките за одобрување на нови учебници за овие одделенија и наставни предмети. Сите се во различна завршна фаза и етапно ќе бидат заокружувани“.

„Паралелно до училиштата се врши и достава на учебниците по сите останати одделенија – трето, шесто, седмо, осмо и деветто и со оглед на тоа што процесот е интензивиран и ќе заврши до крајот на утрешниот ден, Министерството за образование и наука упатува апел до раководствата на основните училишта да ги подигнуваат материјалите за учење и учебниците од просториите на општините и да организираат нивна распределба и доделување на учениците на првиот училишен ден“ информираа од МОН.

Можете да прочитате

Пронајдено тело на почината жена во двор од семејна куќа во Скопје

Нападнат полицаец во Гази Баба

Турски државјанин измамен во Гостивар за 2700 евра