Утрински Весник
Македонија

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

Skolo 4 780x470 1.png
Dik 300x250 mk

Министерството за образование и наука  информира дека наставата од деновите на гласањето за изборите, 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември 2023 за учениците од Скопје, кога беше организиран Самитот на ОБСЕ, наместо во саботи, ќе се надомести во работни денови.

МОН во допис до медиумите попладнево соопшти дека учебната година нема да биде продолжена и ќе заврши согласно календарот за настава, но во денови од работната недела учениците ќе престојуваат подолго за да го надоместат пропуштеното. За организирањето се задолжени директорите на училиштата. 

-Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците, соопшти МОН. 

Министерство за образование и наука потсетува дека наставната година за учениците од средните училишта ќе трае до 10 јуни, а за учениците од основните училишта до 17 јуни.

-Потребно е да го зачуваме најдобриот интерес на учениците, а тоа подразбира тие во целост и квалитетно да ја совладаат предвидената наставна материја, наведува МОН.

Училиштата нема да работат утре и на 8 мај, а во оние каде што ќе се спроведува гласањето, поради подготовките денеска работеа со скратени часови. 

Можете да прочитате

МЗ: Над 60 илјади лица досега пријавени за вакцинација – превентивни тимови ќе вакцинираат и во домашни услови за повозрасни и неподвижни лица и инвалиди

Јанаки кон Богојески: „Освои 159 гласови, за да основаш партија ти требаат 1.000 основачи – самите основачи не го гласаат“

Финансиската полиција влезе во болницата во Прилеп, се истражуваат злоупотреби за местење тендери