Утрински Весник
Македонија

МОН ги објави резултатите: Доделени над 2.400 стипендии за социјална поддршка и дуално образование

Mon logo 133 1.png

Министерството за образование и наука (МОН) ги објави резултатите од двата конкурса за стипендирање средношколци за учебната 2025/2026 година:

900 стипендии за социјална поддршка на ученици од јавните средни училишта.
1.570 стипендии за ученици запишани во дуалните паралелки (стручно образование со зголемен број часови практична настава).
Сите апликанти ќе добијат решение преку електронскиот портал e-uslugi.mon.gov.mk во делот „Мои апликации“.

МОН нагласува дека незадоволните кандидати не треба да поднесуваат приговори пред да добијат решение. Жалбите се поднесуваат до Државната комисија за одлучување во управна постапка, во рок од 15 дена од приемот на решението. За малолетните апликанти, жалбата ја поднесува родител/старател.

Средношколците кои добиле стипендија не треба да доставуваат потпишани договори, бидејќи нивните права и обврски се наведени во самото решение.

Можете да прочитате

Денеска се празнува Преподобен Григориј Декаполит

Филипче: Буџетот не е социјален, ниту развоен, не ги поддржува ранливите групи и нема капацитет да издржи криза

Сите камери на МВР сега мапирани: Апликацијата ги покажува локациите