Утрински Весник
Македонија

МОН: Ќе се формира комисија, која ќе предложи корекции на постојниoт или изработка на нов учебник по историја и општество за петто одделение

Здружението на историчарите за учебникот по Историја за V одделение: Доколку  се употребува, ќе нанесе непроценлива штета

Како резултат на увидените грешки во учебникот по историја и општество за петто одделение, целосно оправданите реакции на јавноста и во согласност со дописот од Здружението на историчарите, Министерството за образование и наука и Педагошката служба информираат дека ќе се формира комисија, која ќе ја преиспита целата содржина и ќе даде предлог за соодветни корекции.

dobivaj vesti na viber

Комисијата ќе има законски утврден рок од 10 дена за да достави извештај до министерот за образование и наука, а потоа конкретни насоки за постапување ќе бидат испратени до економскиот оператор задолжен за графичко уредување, превод, печатење и дистрибуција на учебникот.

МОН апелира до надлежните стручни тела и органи, кои се дел од процесите на одобрување учебници, да продолжат да работат на подобрување на содржината на учебниците што се користат во основното и средното образование. Секако, во целиот процес и понатаму ќе биде вклучена јавноста, односно граѓаните, кои имаат можност да доставуваат коментари, сугестии и забелешки за учебниците на електронската адреса [email protected]

Можете да прочитате

Трајчулевски: Ребалансот носи сиромаштија за граѓаните а луксуз за власта

Нормализиран за сообраќај патот А3 Делчево – граничен премин Делчево

Меџити: Бујар Османи живее во дивоградба