Утрински Весник
Спорт

Момците не се „дадоа“ лесно против фаворитот Португалија

Момците не се „дадоа“ лесно против фаворитот Португалија
Dik 300x250 mk

Македонската ракометна репрезентација го забележа првиот пораз во квалификациите за Европското првенство во 2024 година, откако на домашен терен загубија со 23:29 (11:14) од фаворизираната Португалија.

dobivaj vesti na viber

Селекцијата на Кирил Лазаров, подмладена без неколку клучни играчи, сепак, не капитулираше лесно во СЦ „Борис Трајковски“, не дозволувајќи Португалија да стигне до лесна победа, со одлична борбеност и посветеност во играта. Сепак, најмногу што можевме да постигнеме е израмнување на десетина минути пред крајот на мечот, за Потугалија потоа да се одвои и да стигне до победа.

Филип Кузмановски беше најефикасен со 5 гола,  колку што имаше и Мартин Серафимов, додека Антонио Ареја со 10 гола беше убедливо најдобриот ракометар на теренот.

Со победата, Португалците се први фаворити за првото место во групата 1, каде што уште се и Турција и Луксембург. За Македонија, пак, ќе биде доволно и второто место за пласман на ЕП.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2024
ГРУПА 1
Македонија – Португалија 23:29 (11:14)
ГРУПА 2
Финска – Словачка 30:27 (11:13)
Србија – Норвешка 25:24 (12:14)
ГРУПА 3
Естонија – Израел 30:28 (16:12)
ГРУПА 4
Украина – Австрија 31:38 (13:18)
ГРУПА 6
Црна Гора – Словенија 29:32 (14:14)
ГРУПА 7
Швајцарија – Унгарија 32:37 (19:21)
ГРУПА 8
Италија – Летонија 36:23 (15:11)

Фото: РФМ

Можете да прочитате

Беќири: Ваквите победи се послатки

Осимен блесна со два гола за Галатасарај, Атлетик Билбао со пресврт до први бодови во Лигата на шампионите

ЕХФ воведува ново натпреварување на ниво на репрезентации