Коста Кечмановиќ ќе сведочи на судењето против неговите родители. Како што пренесува Српска Република, на прашањата кои му биле поставени одговарал со пауза од една до две минути. Денеска за прв пат одговорил на прашањето кое година и пол ги мачи сите родители на убиени деца, а тоа е зошто ги убил своите врсници.
„Се чувствував отфрлен и затоа го направив тоа. На 3 мај донесов пиштол за да го направам тоа, но не бев до крај сигурен дека ќе пукам“, изјавил Коста Кецмановиќ.
Обвинити се Миљана и Владимир Кецмановиќ родителите на Коста кој во ОУ „Владислав Рибникар“ уби 10 лица, 9 ученици и еден член на обезбедувањето.
Момчето денеска треба да даде исказ во постапката против неговите родители. Со оглед на тоа дека во моментот на масакрот бил малолетник, нема да сноси кривична одговорност за своето дело. Телеграф наведува дека момчето најверојатно ќе зборува за тоа како неговиот татко го чувал оружјето и како го добил. Коста ќе биде во просторијата за заштитени сведоци, од каде никој не може да го види. Но, во судницата ќе може да види сѐ. Според белградските медиуми, момчето убиец се согласило да сведочи во постапката против неговите родители.
Со оглед на тоа дека решил да зборува за масакрот што го направил, ќе мора да одговори апсолутно на секое прашање што ќе му биде поставено – од судијата, обвинителот, семејствата на жртвите, но и неговите родители, пренесува Блиц.
Родителите на Коста се товарат за најразлични дела. Таткото Владимир се товари за тешко дело против општата безбедност, бидејќи, како што се наведува, го однел својот тогаш 13-годишен син на стрелиште и го научил да пука, а исто така не го заштитил соодветно оружјето што го имаше дома. Тој е во притвор од 3 мај кога беше приведен.
Мајката на убиецот, Миљана Кецмановиќ е обвинета за недозволено држење, носење и тргување со оружје, со оглед на тоа што нејзината ДНК била пронајдена на еден од патроните во училницата, како и на траката за коса која била врзана за шишето во кој нејзиниот син го изел молотов коктел.