Утрински Весник
Свет

Момче загина откако падна низ прозорецот на гондола во француски ски центар

Момче загина откако падна низ прозорецот на гондола во француски ски центар

Скијањето на француските Алпи заврши фатално за 29-годишен скијач кој во саботата падна низ прозорец од гондола.

dobivaj vesti na viber

Францускиот обвинител и операторот на жичарницата потврдија дека смртта настапила кога маж под дејство на алкохол дивеел на гондола во движење, пренесува Дејли Мејл.

Двајца мажи (29 и 23) скијале на планина во одморалиштето Деу Алпи во Франција. Според локалните медиуми, мажите меѓусебно се снимале кога жртвата, тешка преку 100 килограми, удрила во работ на гондолата.

„Се шегуваа на жичарницата кога 29-годишникот ја проби заштитата од плексиглас и падна од височина од 40 метри, изјави локалниот обвинител Ерик Вајлан.

Локалната радио станица „Франс блу“ објави дека мажот паднал и се набиил на столб.

„Овие гондоли се изградени за 20 луѓе, тие се дизајнирани да издржат удари ако има движење предизвикано од ненадејно сопирање или некој друг удар, изјави Фанрис Бутет дкиректор на одмаралиште.

Тој негираше каква било одговорност за несреќата, а увид на ски-лифтот ќе изврши полиција.

Со надморска височина од 3.600 метри, „Les Deux Alpes“ е највисокиот ски-центар во Франција.

Францускиот национален мониторинг систем за безбедност во планините (СНОСМ) минатата сезона забележа вкупно 12 смртни случаи во француските планини.

Повеќе од 45.000 луѓе биле третирани поради повреди, додека службите за итни случаи регистрирале околу 50.000 инциденти.

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција: Затворени училишта и спасени стотици граѓани

ЕК: ЕУ останува цврсто посветена на итно искоренување на насилството врз жените

Анкета: Повеќето Американци се задоволни од победата и потезите на Трамп при трансферот на власта