Утрински Весник
Свет

Момче од Бразил играше во куп прашина, па престана да дише: семејството ја објави неговата последна фотографија

Момче од Бразил играше во куп прашина, па престана да дише: семејството ја објави неговата последна фотографија

Седумгодишно момче во Бразил починало откако си играло во планина од варовник во прав оставена покрај патот, кој очигледно го отрул откако го вдишил, објави Њујорк Пост.

dobivaj vesti na viber

Трагичната последна фотографија на малиот Артур Емануел Битенкур го покажува како тој крева палец додека седи во куп прашина, кој вообичаено се користи во градежништвото и земјоделството, само неколку минути пред да почине на 3 август.

Момчето итно било пренесено во болница, но по пристигнувањето било констатирана смрт.

Артур наводно скокнал во токсична прашина на семејниот имот во Ипиранга, Парана, во јужниот регион на Бразил.

Лекарите рекоа дека ненадејната смрт на Артур е последица на вдишување прашина, објавија локалните медиуми.

Неговото семејство ја објави неговата последна слика на социјалните мрежи како почит, но и како предупредување до другите.

„Оваа фотографија е последна и е направена неколку минути пред неговата трагична смрт, предизвикана од вдишување варовник додека си играл… Спомените што ќе ги имам од тебе, драго мое дете, секогаш ќе бидат најубави“, напишаа вујкото на момчето Ромалдо Битенкур.

Семејството тврдеше дека не биле свесни за ризиците од изложеност на варовник, а локалната полиција започнува истрага за смртта на момчето.

Бразилскиот институт за технолошки истражувања вели дека прашината од варовник може да предизвика проблеми со дишењето и ги советува луѓето да носат заштитна опрема доколку работат со неа.

ИПТ предупредува дека прашината од варовник може да биде канцерогена, особено кога човек е изложен на неа во големи количини и дека може да предизвика оштетување на белите дробови.

Варовникот во здробена форма со големина на камче не претставува опасност по здравјето доколку се користи правилно и под соодветни услови. Меѓутоа, кога дополнително се намалува во прав или прашина, варовникот може да ослободи опасни честички.

Опасната честичка присутна во варовникот е кристалниот силициум диоксид, позната и како кварц. Кристалниот силициум диоксид доаѓа во честички 100 пати помали од обично зрно песок, според Управата за безбедност и здравје при работа.

Вдишувањето на кристален силициум диоксид може да доведе до болести, вклучувајќи рак на белите дробови, хронична опструктивна белодробна болест, бубрежна болест…

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk