Утрински Весник
Македонија

„Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова ја освои меѓународната филмска награда за човекови права на Нирнберг

20251022140712 big 730x400 4.webp.webp
Dik 300x250 mk

Кумјана Новакова за нејзиниот авторски филм „Молкот на разумот“ (2023) ја доби Нирнбершката меѓународна филмска награда за човекови права во рамките на Филмскиот фестивал за човекови права во Нирнберг.

Наградата е доделена синоќа во Нирнбершката куќа на филмот од меѓународното жири составено од Дамиен Оунури, Фарахназ Шарифи и Борјана Гаковиќ. Според жирито, филмот на Новакова „претставува и кинематографско и историско дело на правдата“.


-Го трансформира екранот во споменик, каде што невидливото повторно станува видливо и каде што секој фрагмент од сведоштвата стануваат чин на отпор. Преку прецизна, точна и поетска форма, филмот ги реконструира сведоштвата на босанските жени жртви на систематско силување и сексуално ропство за време на војните во Југославија – жени чии имиња биле избришани, но чии гласови сè уште одекнуваат. Филмот нè потсетува дека признавањето на силувањето како оружје на војната и како злосторство против човештвото дојде преку храброста на овие жени и неуморната работа на оние кои ги документирале доказите. И денес, овој филм ја продолжува таа борба. Воедно, сакаме да ја поздравиме уметничката извонредност на авторката, прецизноста на нејзиното истражување, јасноста на филмската монтажа, звучниот дизајн што носи и ужас и достоинство, и оригиналниот визуелен јазик што наоѓа соодветен начин да го претстави ужасното насилство и да нè соочи со вистината. Овој филм не е само за минатото. Станува збор за нашата колективна одговорност денес, да се сеќаваме, да сведочиме и никогаш да не молчиме. Затоа што не можеме да прифатиме дека во војните низ целиот свет, телата на жените продолжуваат да се користат како бојни полиња, наведува жирито во образложението на одлуката донесена едногласно.

Од 2001 година Нирнберг е прогласен за град на мирот и човековите права, така славејќи го наследството од Нирнбершките процеси без кои не би биле замисливи Судот за воени злосторства на ОН за поранешна Југославија (1993 – 2017), Трибуналот на ОН за геноцидот во Руанда (1994 – 2016), како и Меѓународниот кривичен суд во Хаг (од 2002).

Меѓународниот филмски фестивал за човекови права во Нирнберг (NIHRFF) е најголемиот и најважен филмски фестивал за човекови права во Германија. Оваа година Меѓународната натпреварувачка програма на фестивалот, во која беше селектиран и „Молкот на разумот“, оваа година вклучи седум меѓународно признати авторски филмови од целиот свет.

„Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова освои повеќе од 25 меѓународни награди, меѓу кои наградите за најдобра режија на ИДФА во Амстердам, наградата за најдобар меѓународен филм на „Синема ду реел“ во Париз, Гран-при на „Пунто де виста“ во Шпанија, најдобар среднометражен филм на „ХотДокс“ во Канада, како и регионални награди во сите земји на поранешна Југославија. Филмот е прикажан на сите континенти, на повеќе од 50 меѓународни фестивали, во музеи и во рамки на културни и уметнички иницијативи.

Можете да прочитате

Мицкоски: Иднината на државата е во рамките на ЕУ

Средба Мицкоски – Страмер: Разговарано за продлабочување на билатералната соработка

Мицкоски во Лондон се сретна со Пленковиќ и со Одил Рено-Басо