
Претседателот на СДСМ Венко Филипче вчера на прес-конференција посочи дека ВМРО-ДПМНЕ се уште е под контрола на екс претседателот Никола Груевски.
Филипче, тоа го темели на фактот што претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова речиси ги копираше ставот на Груевски дека сега не е време за реформи затоа што ќе има војни во Европа.
„Тапаните на војните чукаат во Европа“ напиша Груевски. Ден подоцна, на седница на Националниот совет за евроинтеграции Давкова кажа: „Ова не е време за реформи, за жал, бидејќи времето наликува на време за време на војна, или пред војна, и тоа не е време кога можат да се прават реформи“.
Денес, се уште нема одговор од владејачката ВМРО-ДПМНЕ на овие прозивки од Филипче.
Партијата на Мицкоски во конфронтација со СДСМ се уште ги користи истите излитени фрази но до овој момент се уште нема конкретен одговор за контролата на Груевски врз партијата.


