Утрински Весник
Свет

Молдавија го намали бројот на руски дипломати, Русија најави одговор

Захарова: Додека клучните прашања на Косово се нерешени, постигнување трајно решение не е можно

Молдавија најави дека ќе го намали бројот на руски дипломатски персонал во земјата, јави руската државна новинска агенција „ТАСС“.

dobivaj vesti na viber

Молдавија вчера повика руски дипломати поради извештаите во медиумите дека руската амбасада во Кишињев поставила голема количина сателитска опрема на нејзиниот покрив, која може да се користи за шпионажа.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на прес-конференција рече дека овој потег на Молдавија е натамошен чекор во уништувањето на билатералните односи меѓу земјите и дека Русија ќе одговори.

„Тоа е фантазија која нема никаква врска со реалноста“, рече Захарова, пренесе „Скај њуз“.

Односите меѓу Русија и Молдавија се затегнати откако Русија ја нападна Украина. Русија има војници стационирани во отцепениот молдавски регион Придњестровје, кој директно се граничи со Украина.

Можете да прочитате

ФСБ спречила обид на украинските служби да активираат автомобил- бомба на Кримскиот мост

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

Билд: Трамп сака утре прво да има тет-а-тет средба со Зеленски, а потоа и со европските лидери