Утрински Весник
Спорт

Модриќ уште една сезона ќе игра за Реал, потоа се сели кај Кристијано Роналдо

Модриќ уште една сезона ќе игра за Реал, потоа се сели кај Кристијано Роналдо

Карим Бензема по 14 години го напушти Реал Мадрид. Пред еден месец тој се се пресели во Саудиска Арабија, во Ал Итихад. Понуда за трансфер во Саудиска Арабија доби и Лука Модриќ. Хрватот ја одби, но според шпанските медиуми тој наредното лето ќе се пресели во оваа земја.

dobivaj vesti na viber

Лука Модриќ доби богата понуда од Ал Наср, во кој од јануари игра Кристијано Роналдо, а минатата недела се пресели Марсело Брозовиќ. Наводно Модриќ одбил плата од 100 милиони долари до летото 2025 година.

Сепак, се чини дека сè уште не е готово. Каталонски Спорт пишува дека Модриќ се договорил со Ал Наср, но за следната сезона.

Реал е свесен дека Модриќ ќе ги напушти следното лето, поради што на неговото место клубот ги ангажираше Арда Ѓулер и Џуд Белингем.

Според Шпанците, планот на Модриќ е да одигра уште една сезона во Реал, а потоа на 38 годишна возраст да замине во Саудиска Арабија и со богат договор да ја заврши големата кариера.

Можете да прочитате

Мбапе го купи францускиот второлигаш Каен

Пан го урна светскиот рекорд па „удри“ по колегите од Австралија и САД

Милан го победи Реал, Луверпул славеше над Арсенал