Утрински Весник
Спорт

Модриќ: На чекор сме до титулата

20240422090439 Big 730x400 91.webp.webp

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ, кој го предводеше Реал Мадрид со капитенската лента на раката во неделата вечер во триумфот над Барселона со 3-2, изјави дека на неговиот тим му преостанува уште „многу малку“ за да го освои шпанското првенство.

„Оваа победа не донесе поблиску до освојување на шампионската титула. Ние сме таму каде што сакавме да бидеме, со 11 бодови предност, па ни останува само уште малку да ја освоиме лигата“, изјави 38-годишниот Модриќ за Реал Мадрид ТВ.

Кралскиот клуб беше во негатива на синоќешното Ел Класико (0-1 и 1-2), но успеваше два пати да го израмни резултатот за потоа со голот на Џад Белингем во 91. минута ги постави конечните 3-2

Реал е лидер на табелата со 81 бодови, 11 повеќе од второпласираната Барселона на шест кола пред крајот на првенството.

Можете да прочитате

Душко Стојановски едногласно избран за нов претседател на Македонската БЏЏ Федерација! 

ЗОИ2026: Норвешка со најмногу медали

ПМФЛ: Дербито во Кратово за Шкендија