Утрински Весник
Спорт

Модриќ го продолжи договорот со Реал

Modric.jpg

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ и следната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид.

Како што објави „Марка“, Модриќ по дванаесеттата сезона во кралскиот клуб бил на прагот на заминување, но сепак одлучил да остане во Мадрид барем уште една година. Исто така, весникот пренесува дека Лука се согласил на значително намалување на платата, но сепак сметал дека Реал е најдобрата можна дестинација за него.

-Лука го прифати намалувањето затоа што сака да ја заврши кариерата во Реал. Неговата амбиција е да биде капитен на Реал Мадрид, сака да влезе во историјата со освојување нови трофеи и особено уште една Лига на шампиони – пишува „Марка“.

Можете да прочитате

Русија се враќа на светските првенства во хокеј на мраз

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката