Утрински Весник
Македонија

Мојсоска: Зедоа 500 милиони евеа кредит и не набавија ниту едно противпожарно возило

Jovana mojsoska 585x353 1.jpg

Соопштение за јавност на Левица:

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, на социјалните мрежи потсети дека и покрај дотраените противпожарни возила, а во пресрет на летните периоди и шумските пожари, ниту еден градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ не набави нови возила и противпожарна опрема:


„Во пресрет на летната сезона, кога повторно ќе сведочиме катастрофални сцени со изгорени и уништени шуми, потсетување дека од 500 милиони евра кредит, вмровските градоначалници набавија нула противпожарни возила. Затоа што во набавка на противпожарна опрема нема провизии и нема фирми блиски до власта да земаат тендери за 100 метри пат или изградба на паркчиња. 

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и во предизборна програма најавуваше ново противпожарно возило, што никаде го нема ниту после 4 години власт. Иако до Пецаков е доставена понуда за купување поволно противпожарно возило од доброволно противпожарно друштво „ПИВКА”, очигледно градоначалникот на Охрид има други приоритети, како носење ДУП-ови за рушење на Маларична болница (познатиот белег на Охрид).

Кога летово ќе се гасат пожари со дотраени југословенски возила, редуциран број на пожарникари и несоодветна опрема, сетете се на изјавата на премиерот дека во Македонија скандинавски се живее и веднаш ќе ви биде полесно…” – напиша пратеничката Мојсоска.

Можете да прочитате

Започна отстранувањето на терасите во Трговскиот центар во Кочани

Кумановец почина откако му се слошило додека возел на локален пат

Иницијатива на „Охрид SOS“  за воспоставување санитарно-заштитни зони околу Билјанини извори – Беј Бунар