Утрински Весник
Македонија

Мојсоска: ВЛЕН и ДУИ отворено соработуваат во три општини – ,,благодарност” што Мицкоски ги остави Гостивар, Тетово и Струга без кандидати за градоначалници

Jovana mojsoska 585x353 2.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Објава на Фб. на пратеничката од Левица и Генерален секретар на Партијата, Јована Мојсоска:

,,Едно резиме за колегијалноста во владината коалиција:
ВМРО-ДПМНЕ вади кандидат за градоначалник во Брвеница. ВЛЕН исто така вади кандидат во Брвеница и во вториот круг се обединија со ДУИ против кандидатот на Мицкоски.


ВМРО-ДПМНЕ вади кандидат за градоначалник за Кичево. Влен вади свој кандидат за Кичево. За вториот круг, Касами јавно ја дава поддршката за ДУИ, додека кичевско ВЛЕН срамежливо вели “по сопствено убедување да се гласа”.

Соодветен реципроцитет на јавната поддршка од Мицкоски која ја добија кандидатите на Влен, нели?

Единствена општина каде ВЛЕН не вади кандидат е Чашка. Таму свои кандидати имаат ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ. Со гласовите на ВЛЕН и ДУИ, уште во прв круг победи кандидатот на ДУИ.
Значит, ВЛЕН и ДУИ отворено соработуваат во ТРИ ОПШТИНИ (Чашка, Брвеница и Кичево).

Најверојатно, како ,,благодарност” што Мицкоски ги остави Гостивар, Тетово и Струга без свои кандидати за градоначалници.

П.С. Курирчињата ги нема да бекнат за тоа како ВЛЕН ги пушти низ вода вмровските кандидати за градоначалници”.

Можете да прочитате

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен