Утрински Весник
Магазин

Мојот вечен Валентин: Гвинет Палтроу за сопругот

Мојот вечен Валентин: Гвинет Палтроу за сопругот

Гвинет Палтроу се огласи на „Инстаграм“ попладнето на Денот на вљубените.

dobivaj vesti na viber

Основачката на „Гуп“, која неодамна ја покажа својата модна архива, сподели фотографија од својот сопруг Бред Фалчук (51), со кого е во брак четири години.

Бред на себе има раскопчана сина кошула и шорцови додека стои на едрилица со пијалак во раката.

Ѕвездата на „Вљубениот Шекспир“ во описот на објавата напиша: „Нема профил на ‘Инстаграм’, но тој е мојот вечен Валентин“, додавајќи емотикон сино срце.

Гвинет и Бред се во брак од 2018 година по неколку години врска.

Таа има две деца со нејзиниот поранешен сопруг Крис Мартин, ќерката Епл (18) и синот Мозес (16).

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста