Утрински Весник
Македонија

Моќен циклон од Џенова од недела 25 Јануари ни носи многу дожд и снег

Meteoalarm.mk 15 1.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

По краткотрајната стабилизација  и престанок на врнежите која што не очекува во наредните два до три дена, веќе особено од недела  25 Јануари 2026 попладне  и навечер како и во понеделник 26 Јануари 2026 во Македонија под влијание на моќен циклонски систем со центар над Џенова ни следува нова голема промена на времето.

Ќе имаме зголемена облачност со пообилни врнежи од дожд проследени со засилен јужен и југоисточен ветер а ќе има услови и за локална појава на нестабилност проследена со грмежи. На планините ќе врне снег и ќе се зголеми постоечката снежна покривка.  За време на овој период ќе наврне ново значително количество на воден талог и тоа локално над 30 литри воден талог на метар квадратен.

Поради нов продор на поладен воздух од север во понеделник на 26 Јануари снежната граница повторно ќе се спушти и особено во повисоките населени места врнежите од дожд ќее преминат во сннег  и ќе се формира снежна покривка а снежната граница ќе се спушти под 1000 метри надморска височина особено во западните  и во северните предели од Македонија.

И во Скопје  и околината со оваа циклонска активност со центар над Џенова во погоре споменатиот период ќе има пообилни врнежи од дожд проследени со засилен југоисточен ветер а на околните планини ќе врне снег особено во понеделник на 26 Јануари кога во околните повисоки предели од Скопје ќе има услови за повремен снег.

До сабота температурите кај нас ќе бидат во пораст  и на повеќе места тие ќе се искачат  или ќе надминат 10 степени  а потоа повторно тие ќе опаѓаат особено од недела 25 Јануари попладне  и навечер.

Можете да прочитате

Белгиската полиција утврди дека е пронајден скелет на македонски државјани исчезнат во Брисел пред 22 години

Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне со локални врнежи од дожд и снег на планините

Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење