Утрински Весник
Магазин

„Мојата слика вреди милијарда“: вештачка интелигенција создаде рап-песна на Трамп

„Мојата слика вреди милијарда“: вештачка интелигенција создаде рап-песна на Трамп

Американски рапер познат по уметничкото име Hi-Rez го генерира гласот на Доналд Трамп со помош на вештачка интелигенција и на „Ај-тјунс“ објави песна со наслов First Day Out.

dobivaj vesti na viber

Минатата недела Трамп беше уапсен и, снимена е неговата историска полициска фотографија.

Како што обично се случува со сите т.н. магсхотови, фотографијата брзо се рашири на социјалните мрежи, беа создадени многу мемиња, а раперот користел вештачка интелигенција за да го создаде гласот на Трамп во песната и ја објави на платформите.

First Day Out скокна на второто место на топ 40 американски хип-хоп песни на „Ај-тјунс“. Пред неа е само раперката Доџа Кет со Paint The Town Red.

Во дигитална имитација на поранешниот претседател, Хај-Рез замислува како се чувствувал Трамп по апсењето, а потоа и по ослободувањето со кауција. „Надвор со кауција… нема да ја видам внатрешноста на ќелијата…“, е дел од текстот на песната.

Хај-Рез не пропушти прилика да го спомне медиумскиот лудило околу ‘магшотот’ на Трамп. „Овие обвинители се глупираат / мојата слика вреди милијарда / продадов стока и заработив милион“, се наведува во песната.

Можете да прочитате

Розов шум“ може да го влоши сонот, особено кај децата

Домот ви мириса непријатно? Овие навики можеби се виновни

Месечината во Девица носи длабока љубов: Три знаци се особено среќни