Утрински Весник
Свет

Moжеме и сами да правиме плескавици – Медведев за заминувањето на „Мекдоналдс“ од Русија

Moжеме и сами да правиме плескавици – Медведев за заминувањето на „Мекдоналдс“ од Русија

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев денеска се прости од Мекдоналдс, велејќи дека во Русија знаат да прават плескавици и кифлички.

Тој додаде дека истото би можеле да го направат и бизнисмените кои се санкционирани од западните земји, пренесува РИА Новости.

– Плескавиците и кифличките со одличен квалитет можеме сами да ги правиме. Патем, тоа би можеле да го направат бизнисмени кои се под санкции.

Извршниот директор на Мекдоналдс Крис Кемпчински на 8 март објави дека сите ресторани на таа компанија во Русија се привремено затворени.

Мекдоналдс е една од низата светски компании кои престанаа да работат во Русија по почетокот на воената операција во Украина.

Можете да прочитате

Трамп со нова закана кон Иран: На ред се мостовите и електраните

Рекордна цена на дизелот во Германија

Иран тврди дека соборил американски Ф-35