Утрински Весник
Македонија

МНРиНТ: Македонските граѓани, кои се во Иран, да ја напуштат земјата и да се одложат сите патувања кои не се неопходни

Mnrint.webp.webp

Поради влошената безбедносна состојба во Исламска Република Иран, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија апелира до македонските граѓани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика. Истовремено, се апелира да се одложат сите патувања кон Иран кои не се неопходни.

Министерството за надворешни работи ги има ставено на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на Република Северна Македонија, преку 24-часовниот СОС дежурен телефон +389 75 268 736, електронската адреса globalsos@mfa.gov.mk, како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Анкара: +90 539 456 97 10.

Можете да прочитате

Групни и индивидуални маски низ вевчанските улици

Судиите на 29 јануари ќе избираат член на Судскиот совет од редот на судиите од немнозинските заедници

Судот му изрече 17 години затвор на турскиот државјанин кој уби сонародник во кафуле во Штип