Утрински Весник
Македонија

МНР: За патувањето на синот на Мицкоски не се потрошени средства од буџетот на државата

Mnr.webp.webp

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија излезе со појаснување во врска со составот на делегацијата што ја претставуваше земјата на Самитот на НАТО во Вашингтон и рече дека Јован Мицкоски, синот на премиерот Христијан Мицкоски не бил дел од неа.

Појаснувањето од Министерството доаѓа откако опозициската СДСМ денеска побара одговор од премиерот на чиј трошок синот го придружувал во САД.

Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ги отфрлаат тврдењата изнесени од СДСМ.

„Делегацијата на Самитот на НАТО беше точно определена од страна на Алијансата и таа броеше вкупно 21 член, согласно протоколите на НАТО. Притоа, потенцираме дека Јован Мицкоски, синот на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски не беше еден од членовите на делегацијата, иако претседателот Мицкоски имаше покана за придружба од член на семејството“се вели во соопштението испратено од Министерството.

Оттаму информираат дека за патувањето на Јован Мицкоски не се потрешени средства од буџетот на Северна Македонија и додаваат дека за дополнителни информации остнуваат отворени за јавноста.

Можете да прочитате

Ристески: Извршителите од долг од 500 денари прават 18.000 – „На душман ваков закон не се носи“

Вработен во казино одзел над 330 илјади денари

Мицкоски: Информацциите зошто Груби не бил испратен во „Шутка“ се доверливи