Утрински Весник
Македонија

МНР: ВМРО-ДПМНЕ преку шпекулации продолжува да нанесува штета на дипломатијата и на државата

МНР: ВМРО-ДПМНЕ преку шпекулации продолжува да нанесува штета на дипломатијата и на државата

Министерството за надворешни работи во неколку наврати веќе ја информира јавноста дека изборот за изведувач при адаптацијата на салата „Борис Трајковски“ за потребите нa министерскиот состанок на ОБСЕ е направен според критериумот најниска цена, информираат од оваа институција.

dobivaj vesti na viber

„Со оглед на пристигнатите понуди, Министерството имаше обврска да ја избере најевтината понуда и од четирите понудувачи, избраната компанија имаше далеку најконкурентна понудена цена во согласност со очекуваните количини предвидени во техничката спецификација, односно:

„Еуровија“ – 93.746.070 ден. (избран понудувач)

Второрангирана – 120.668.981 ден.

Треторангирана – 134.015.461 ден.

Четврторангирана – 374.353.297 ден.

Целта на постојаните шпекулации е очигледна: прво, да се фрли дамка врз најголемиот надворешно политички настан во земјата од нејзиното осамостојување – министерскиот состанок на ОБСЕ во декември, кога се очекува во земјата да пристигнат десетици високи делегации од целиот свет, предводени од министрите за надворешни работи на земјите учеснички во ОБСЕ; и, второ, да се фрли дамка врз претседавањето на земјата со Организацијата, процес што и дома, но и во меѓународната дипломатија, е оценет како многу успешен“, се истакнува во нивното официјално соопштение.

Оваа борба за, како што велат, ситни политички поени од страна на раководството на ВМРО-ДПМНЕ нанесува голема штета на угледот на земјата, особено на дипломатијата, која во моментот е соочена со многубројни предизвици и активности, кои се од интерес на сите нејзини граѓани.

Од МНР посочуваат дека се отворени за сите институции од интерес да остварат увид во документацијата и уште еднаш да ги ревидираат сите активности во рамките на постапката со цел да се отфрлат сите можности за шпекулации во врска со нејзината исправност.

Можете да прочитате

Сообраќајот кон Пониква и кон село Бели се одвива по една коловозна лента

Четврти Меѓународен форум на креативни индустрии во Скопје

Локалното новинарство во фокусот на осмото издание на Медиумскиот фестивал Скопје