Утрински Весник
Македонија

МНР со реакција на ставовите на Филипче

Mnr.webp.webp

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија реагира на јавните напади на претседателот на СДСМ Венко Филипче изнесени на денешната прес конференција, во текот на која изнесе низа навреди и произведе неодговорни и произволни заклучоци, со кои во основа  покажа недоволно познавање на меѓународната политика и целосно ги запостави суштинските елементи кои го сочинуваат  комплексниот процес при носење на одлуки од стратешко и глобално политичко значење. Очигледно, за СДСМ поважна е дневната политика, отколку долгорочните државни интереси и долгорочното зацврстување на меѓународната позиција на Република Северна Македонија.

Во наведениот контекст уште еднаш повторуваме дека неодамнешните одлуки во врска со гласањето на нашата држава за резолуции на Генералното собрание на Обединетите нации се донесени врз основа на редица остварени дипломатски контакти, темелно извршени анализи, спроведени домашни консултации, усогласеност со утврдените позиции на влијателните меѓународни чинители и во координација со нашиот стратешки партнер – Соединетите Американски Држави. Уште поважно, тие ја потврдуваат стратешката ориентација на нашата држава кон градење стабилна и предвидлива позиција на меѓународната сцена, како и зајакнување на односите со нашите стратешки партнери.


Со нашето гласање ја реафирмиравме цврстата поддршка за Украина и изразивме силна почит, солидарност и одговорност кон украинскиот народ и неговите напори за обезбедување траен мир и целосна заштита на територијалниот интегритет, суверенитетот, независноста, слободата и демократијата.

Дополнително, овие одлуки се потврда за конзистентната меѓународна политика на државата, и напиот стремеж да бидеме активен, конструктивен и кредибилен партнер во процесите на изнаоѓање решенија за актуелните геополитички предизвици, а не пасивен набљудувач без јасен став, како што беше случај за време на претходната влада предводена од СДСМ и ДУИ.

Воедно, како што и самиот господин Филипче потенцираше, а за тоа говорат и досегашните активности и одлуки, токму честите посети на највисоко и високо политичко ниво во САД се потврда за нашата цврста заложба за зајакнување на партнерството и билатералната соработка со САД. Таквите засилени дипломатски активности дополнително ја потврдуваат и нашата понатамошна посветеност во правец на целосна усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, како и силната приврзаност кон процесот на европска интеграција – кој останува еден од највисоките надворешно-политички приоритети на државата.

Можете да прочитате

Судијката Алексовска-Стојановска донела законска пресуда и не била пристрасна во предметот против Васил Јаванов, утврди Судскиот совет

Познато е кога ќе почне исплатата на пензиите во Македонија

Кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување” против еден градоначалник