Утрински Весник
Македонија

МНР со нова вербална нота: релевантните политички фактори во Бугарија да се оградат и да ги осудат провокациите

Од МНР со осуда за искршената табла на бугарскиот клуб во Охрид

Министерството за надворешни работи испрати вербална нота до бугарското Министерство за надворешни работи по повод изјавите на пратеникот и лидерот на политичката партија „Вазражадане“, Костадин Костадинов, во која изрази крајно незадоволство од содржина на изјавата во која јавно изразуваат иредентистички и територијални претензии кон Македонија.

dobivaj vesti na viber

„ Го повторуваме апелот дека ваквите изјави се директно спротивни на интенцијата на двете држави да го почитуваат и да го негуваат духот на Договорот за пријателство и добрососедство, во насока на создавање блиски и пријателски односи базирани на меѓусебна почит и соработка. Токму во духот на добрососедството, очекуваме релевантните политички и институционални фактори во Република Бугарија да се оградат и да ги осудат ваквите провокации и обиди за нарушување на добрососедските односи“ соопшти МНР.

Можете да прочитате

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на СВР Тетово       

Николоски: До 2026 година ќе имаме нови модерни гранични премини на Деве Баир и Ќафасан

Министерството за здравство излезе со детали за починатото бебе