Утрински Весник
Македонија

МНР со апел до македонските граѓани кои се наоѓаат во ОАЕ, Катар, Квајт и Бахреин

Mnr.webp.webp

Во врска со актуелната безбедносна состојба во регионот, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ги информира македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Државата Катар, Обединетите Арапски Емирати, Државата Кувајт и Кралството Бахреин внимателно да ги следат официјалните информации и да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции на земјите домаќини.

Ги потсетуваме нашите државјани дека во случај на потреба од помош или дополнителни информации можат да се обратат на следните контакти:


Амбасада на Република Северна Македонија во Доха (надлежна и за Државата Кувајт)

Тел: +974 50 173 111

Е-пошта: doha@mfa.gov.mk

Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби (надлежна и за Кралството Бахреин)

Тел: +971 56 441 7532

Е-пошта: abudabi@mfa.gov.mk

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија

Тел: +389 75 273 732 / +389 75 268 736

Е-пошта: globalsos@mfa.gov.mk

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија континуирано ја следи состојбата и ќе продолжи навремено да ја информира јавноста за сите релевантни информации.

Можете да прочитате

Жена тешко повредена откако со автомобил излетала од патот

Малолетничка најдена предозирана во Карпош

Петрушевски: СДС беше сојузник на криминалот на Груби, затоа денеска толку силно го бранат