Утрински Весник
Македонија

МНР не кажува дали од Србија е депортиран Македонец, учесник на работилница во Белград

Belgrad Izvor Mia 600x375 1.jpg

Вкупно 13 државјани од девет земји биле приведени и депортирани од Србија без објаснување ноќта помеѓу 21 и 22 јануари во Белград кои биле учесници на Ерсте академијата за невладини организации, која се одржала во понеделник и вторник во Белград. Неофицијално еден од претставниците бил од Северна Македонија, но засега македонската амбасада во Белград, нема информации за настанот, а Министерството за надоврешни работи и надворешна трговија не одговори на прашањата испратени од нашата редакција.

Реномираната организација NGO Academy организирала работилница во Белград, дел од програмата за градење капацитети за невладини организации, предводена од тимот на Vienna University of Economics and Business, под наслов „Стратегии за остварување приход за организации со мисија“. Работилницата била планирана во јули 2024 и отворена за пријавување во август 2024, во рамки на мрежата на NGO Academy која брои 580 организации.


На работилницата учествувале 22 лица од 12 различни земји, а според информациите учесниците биле од Хрватска, Словенија, Словачка, Северна Македонија, Албанија, Молдавија, Романија, Австрија и Чешка .

По завршувањето на академијата, полицијата ги привела учесниците директно од хотелот каде што биле сместени, без никакво објаснување. По неколкучасовно задржување, им било наредено веднаш да ја напуштат Србија и им била изречена едногодишна забрана за влез во земјата.

-Ниту тимот на Vienna University of Economics and Business, ниту претставници на ERSTE Foundation добија објаснување за причините за ваквото постапување. Програмата е активна од 2013 година, а слични работилници се одржувале и претходно во Белград без проблеми. Овој инцидент предизвикува сериозна загриженост. Во соработка со нашиот партнер, NGO Academy, внимателно ја следиме ситуацијата. Австриската амбасада во Србија денеска протестираше против ваквиот однос кон учесниците и нивното протерување. Изразуваме жалење што учесниците беа изложени на вакво искуство и ја потврдуваме нашата посветеност кон поддршката на граѓанското општество во Централна, Источна и Југоисточна Европа, велат за Рацин.мк од фондацијата Ерсте.

На прашање на Рацин.мк дали некој од Македонија побарал помош или се обратил во амбасадата на Македонија во Белград, амбасадорот Никола Тупанчевски вели дека не е информиран за факов настан.

-До овој момент нема  никакво официјално барање (обраќање) од страна на македонски државјани  вклучувајќи ги и споменатите субјекти, вели тој во својот одговор.

До објавувањето на оваа статија не стигна одговорот од македонското министерство за надворешни работи, дали е протеран македонски државјанин од Белград.

-До ден денес не добивме информција зошто бевме приведени и депортирани, но според законот за безбедност на кој тие се повикуваат, всушност тие и не се должни да ни дадат објаснување бидејќи се работи за загрозување на националната безбедност- вели ексклузивно за Трн, Ана Ковачиќ, историчар на уметност од Хрватска и една од приведените.

Таа со години наназад работи на проекти со нејзините колеги од Белград и ова не прв пат да биде во Белград.

Извор: Рацин.мк

Можете да прочитате

Оризопроизводителите реагираат дека откупувачите не го почитуваат договореното

Прилепското обвинителство го доби полицискиот извештај за повредениот ученик

Почна судењето против Мерко за поставената спомен плоча на влезот на Општина Струга