Утрински Весник
Македонија

МНР: Македонското и грчкото МВР во комуникација за расчистување на случајот со убиството на Халкидики

Димитар Љоровски именуван за нов член на Комисијата за историски прашања меѓу Македонија и Бугарија

По вчерашниот инцидент, Амбасадата на Република Северна Македонија во Атина и Генералниот конзулат во Солун се во постојана комуникација со официјалните претставници на институциите на Грција и за сите промени редовно известуваат во централата на Министерството за надворешни работи во Скопје, соопшти МНР.

dobivaj vesti na viber

Според информациите добиени од Генералниот конзулат во Солун, кој е во редовна комуникација со болницата каде е хоспитализиран повредениот од вчерашниот инцидент во Халкидики, повредениот е во стабилна состојба и е надвор од животна опасност, стои во соопштението на МНР.

Оттаму додаваат дека дипломатско-конзуларната мрежа на Северна Македонија во Грција е активна, и покрај редовните известувања, стои на располагање и за евентуални потреби на нашите институции.

Според информациите добиени од Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија, во делот на оперативната соработка веднаш по вчерашниот настан службите на двете земји се во постојана комуникација и разменуваат информации во полза на истрагата и расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Вечерва девојка падна од зграда во Тетово

(ВИДЕО) Репортажа од која срцето ќе ви заплаче

Сиљановска-Давкова: Научените лекции од Кочани ги претвораме во системски мерки