Утрински Весник
Македонија

МНР го организира транспортот на посмртните останки на починатата инфлуенсерка

МНР го организира транспортот на посмртните останки на починатата инфлуенсерка
Dik 300x250 mk

Министерството за надворешни работи соопшти дека по добиените информации за почината државјанка на Македонија, инфлуенсерката Маја Јанеска во Јужноафриканската Република, преку надлежната Амбасадата во Каиро, стапило во контакт со надлежните органи на земјата, од каде добиле потврда за трагичниот настан.

dobivaj vesti na viber

„Нашите претставници се во постојана и непосредна комуникација со надлежните јужноафрикански власти како и со роднините на починатата, како во делот на утврдување на деталите така и околу организирањето транспорт на посмртните останки на починатата во земјава“, соопшти МНР.

Јанеска позната како Маја Миа беше пронајдена почината во Јужна Африка. Тамошните медиуми, повкувајќи се изјавата од портпаролот на полицијата, информираа дека до мртвото тело на инфлуенсерката имало оружје.

Од јужно-африканската полиција велат дека засега смртта нема да ја третираат како сомнителна.

„Полицијата добила повик за лице кое наводно се самоубило во имотот Басонија. По пристигнувањето на дадената адреса, полицијата пронашла жена во спалната соба со прострелна рана во главата. До неа имало огнено оружје. Жената била заверена почина од болничарите“, изјавил портпаролот на полицијата, потполковник Мавела Масондо.

Порталот „24њуз“ повикувајќи се на изјави од роднини, посочува дека семејството е во шок.

Инфлуенсерката Јанеска е родум од Охрид. Таа Јужна Африка ја нарекуваше нејзин втор дом.

Можете да прочитате

Променливо облачно време со локални врнежи

Избрани нови членови на МАНУ

Хаос во Тетово: Дете заврши во болница, лице го удрило со тврд предмет