Утрински Весник
Македонија

МНР ги демантира наводите на СДСМ за изградбата на кровната конструкција

Mnr.jpg

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во целост ги демантира неточните информации изнесени на денешната прес-конференција на СДСМ во врска со изградбата на кровната конструкција над зградата на Министерството.

Како што се наведува во соопштението, проектот за изградба на кровна конструкција над рамната тераса бил првично планиран за реализација во 2022 година, со цел трајно решавање на долгогодишните проблеми со протекување при обилни врнежи. Според стручни проценки, како резултат на несоодветното одржување во изминатите години, бетонските, хидроизолационите и термичките слоеви на подлогата се значително оштетени, што наложува целосна реконструкција и замена на рамната подлога.


Изработката на основниот проект започнала кон крајот на 2022 година, додека буџетските средства биле обезбедени во 2023 година. Сепак, поради претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ и обемните обврски на Министерството, изградбата била одложена за 2024 година. Со оглед на парламентарните избори, проектот бил дополнително пролонгиран за втората половина од годината, со делумно финансирање од редовниот буџет за 2024 година, додека преостанатиот дел ќе се реализира во 2025 година. Во буџетот за 2026 година се предвидени средства за поставување фотоволтаични панели, во согласност со заложбите за енергетска ефикасност и одржлив развој.

Министерството истакнува дека проектот нема никаква поврзаност со контроверзниот проект „Скопје 2014“ и дека неговата единствена цел е санација на објектот за да се превенираат идни поплави и оштетувања. Дополнително, јавната набавка била целосно спроведена во согласност со важечките закони и процедури.

„Ги повикуваме надлежните институции да постапат доколку постои сомнеж за евентуално незаконско постапување. Воедно, ја повикуваме СДСМ јавно да се извини за дезинформациите изнесени во јавноста. Доколку тоа не се случи, ќе бидеме принудени да поведеме постапка за утврдување на клевета и нарушување на угледот на министерот за надворешни работи и институцијата со која тој раководи“, стои во соопштението.

Можете да прочитате

Нови правила за онлајн медиумите – регистрација во АВМУ за поголема професионалност

Поткаст ЗРАК: Квалитетната и здрава храна помага за полесно поднесување на зрачната и хемотерапијата

Ристеска во поткаст ЗРАК: Храната на нашиот пазар, не е со ист квалитет како во земјите на ЕУ