Утрински Весник
Македонија

Многу топол бран од југ во Македонија: Температурите одат до 40 степени!

Meteoalarm.mk 56 1.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, односно од Африка, во нашата Република Македонија се до петок (15 август) времето ќе биде многу топло, стабилно, суво и претежно сончево со појава на мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.


И во Скопје  и околината се до петок (15 август) времето ќе биде многу топло, стабилно, суво и сончево со мала локална облачност, а ќе дува  и слаб до умерен ветер од променлив правец.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат во понатамошен пораст и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени. Во Скопје  и околината максималната температура ќе се искачува до околу 40 степени.

Апелирам, поради многу топлиот Африкански бран, и многу високите температури на воздухот, граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот ден од денот (од 11 до 17 часот) но да пијат  и повеќе течности

Можете да прочитате

СДСМ: Мора да има одговорност за режимскиот упад на полицијата во Демир Хисар

ТАВ проектите – од бомбастични најави до бескрајно чекање

СДСМ: Режимот се врати, полицијата на Тошковски во служба на политички прогон во Демир Хисар