Утрински Весник
Свет

ММФ одобри нова програма за финансирање на Украина вредна 8,1 милијарда долари

Mmf.webp.webp

Одборот на директори на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри нов четиригодишен продолжен финансиски аранжман за Украина вреден 8,1 милијарда долари, соопшти премиерката на Украина, Јулија Свириденко.

Првата транша од околу 1,5 милијарди долари ќе пристигне во Украина во блиска иднина. Средствата ќе ги искористиме за финансирање на буџетскиот дефицит и поддршка на макрофинансиската стабилност – рече Свириденко, пренесува Укринформ.


Според неа, програмата поддржана од ММФ е дел од пошироката фискална рамка осмислена да го покрие проектираниот дефицит на државниот буџет од 136,5 милијарди долари во текот на четири години и вклучува продолжување на реформите кои обезбедија макроекономска и финансиска стабилност во претходните години.

Важно е да се нагласи дека новата програма за соработка на ММФ за Украина е „сидро“ за сета меѓународна финансиска поддршка, особено за добивање на кредитот од 90 милијарди евра од Европската унија – истакна Свириденко.

Премиерката на Украина претходно неделава изјави дека украинската влада успеала да постигне договор со Меѓународниот монетарен фонд за зголемување на годишниот лимит за индивидуалните претприемачи, по чие достигнување мора да се регистрираат како обврзници на ДДВ.

Можете да прочитате

Носачот на авиони „УСС Џералд Р. Форд“ пристигнува на брегот на Израел

Русија објави локално примирје поради поправки во близина на нуклеарната централа Запорожје

Венс: Нема шанси САД да бидат во повеќегодишна војна на Блискиот Исток