Утрински Весник
Економија

ММФ додели 1,3 милијарди долари итна помош за Украина

ММФ додели 1,3 милијарди долари итна помош за Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, и’ се заблагодари на генералната директорка на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева за итната помош од 1,3 милијарди долари за земјата.

dobivaj vesti na viber

„Во текот на разговорот го уверив директорот дека Украина ќе направи се’ за да ја усвои програмата за мониторинг на ММФ и дека ќе продолжиме на следната програма што е можно поскоро. Ја истакнавме важноста на платформата за координација на донаторите за Украина“, рече Зеленски.

Тимот на ММФ имаше разговори со украинските претставници во Виена оваа недела и ќе продолжи да работи во наредните недели на барањето на Украина, рече шефот на тимот на ММФ, Гевин Греј. Тој изјави дека членовите на тимот на ММФ разговарале за нивните наоди во врска со економската и финансиската состојба во Украина со министерот за финансии Серхи Марченко и гувернерот на Народната банка на Украина, Андриј Пишњи.

Можете да прочитате

Минималната кошничка поскапа за 921 денар

Трипуновски: Досега се откупени 25,3 милиони килограми тутун во вредност од 170 милиони евра

СДСМ: Уште еден доказ „мигранти за пари”