Утрински Весник
Спорт

МЛС лигата се посрамоти – го претстави Бускетс со фотографија од Арбелоа

МЛС лигата се посрамоти – го претстави Бускетс со фотографија од Арбелоа

Фудбалот во САД уште не го достигнал нивото на популарните американски спортови, нешто што најдобро се покажува преку потврдата на трансферот на Серхио Бускетс во Интер Мајами кај неговиот поранешен соиграч од Барселона, Лионел Меси. МЛС лигата го прослави овој трансфер со фотографија од Алваро Арбелоа.

dobivaj vesti na viber

Наместо фотографија од Бускетс, МЛС на Твитер објави фотографија од Арбелоа како го бакнува трофејот од Светското првенство во 2010 година со порака: „Тој само победува“.

35-годишниот Бускетс потпиша договор со Интер Мајами до 2025 година, со шпекулации дека ќе му се приклучат уште двајца ексиграчи на Барса – Жорди Алба и Андрес Иниеста.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина