Утрински Весник
Македонија

Младите со конкретни барања до идните градоначалници

Slika 4 1.jpg

Младите упатуваат 49 директни препораки и барања до кандидатите за градоначалници на претстојните локални избори, креирани во рамки на Првото младинско собрание и презентирани до претставници на политичките партии и меѓународните организации.

Од 28 јуни до 1 јули 2025 година се одржа Првото младинско собрание, настан што отвора ново поглавје во младинското учество во креирањето на локалните политики, каде 50 млади лица на возраст од 15 до 24 години   создадоа препораки што ќе станат дел од кампањите и програмите на кандидатите за градоначалници на претстојните избори.Препораките се достапни на следниот ЛИНК.


„Овие предлози се вредни насоки што можат директно да влијаат врз квалитетот на живот во општините низ државата. Токму затоа, нивната главна намена е да се понудат како основа за програми на кандидатите за градоначалници. Ова е конкретен обид да се понуди можност на младите да станат реални актери во осмислувањето на политиките.“, велат од Здружението Лидери за едукација, активизам и развој, организатор на Првото младинско собрание.

Во текот на четири интензивни дена, младите се запознаа со функционирањето и ингеренциите на локалната самоуправа, и работеа со експерти од области како што се: комунални дејности, образование и социјала, урбанизам, животна средина, култура, здравствена заштита и локален економски развој. Овој пристап им овозможи да ги разберат реалните надлежности на општините и да развијат реалистични и издржани предлог-мерки, темелени на локалните потреби.

На завршниот ден, учесниците ги презентираа предлозите пред претставници од повеќе политички партии и организации меѓу кои ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ВФД и НДИ со што беше отворен патот за нивна евентуална вклученост во изборните програми.

Со Првото младинско собрание, започнува нов модел на младинско учество модел кој бара дејствување и вистинско вклучување на младите. Следниот чекор е јасен: предлозите да најдат свое место во кампањите на кандидатите, а подоцна и во локалните политики.

Младинското собрание се реализираше во рамки на проектот „LEAP – Локално учество, активизам и демократија” е поддржан од Фондацијата Центар за демократија во рамки на проектот Regional Youth Dialogue for Europe, финансиран од Европска Унија.

Можете да прочитате

Кривична пријава е поднесена против маж од Ново Село кој врза дете и го снимаше со мобилен

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО го продолжи рокот за имплементација на корективните мерки за Охридскиот Регион

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ како со булдожер ги сруши меѓународните позиции на државата