Утрински Весник
Македонија

Младиот насилник од Тетово ја држел 19-годишната девојка заклучена во соба и секој ден ја тепал

Кривична за тетовец, физички ја нападнал мајка си

21-годишен тетовец ја држел својата 19-годишна жена, со која бил во вонбрачна заедница, заклучена во една соба и секој ден ја тепал.

dobivaj vesti na viber

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против насилникот.

„Почнувајќи од декември 2022 година, осомничениот вршел семејно насилство врз 19-годишна жена со која живеел во вонбрачна заедница. Жртвата подолг временски период ја држел заклучена во една соба и секојдневно физички ја малтретирал нанесувајќи 1 многу телесни повреди. Жената искористила можност кога во еден момент осомничениот ја заборавил отклучена вратата, успеала да побегне и настанот го пријавила во полиција“.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот на Обвинителството и со решение му определи притвор на осомничениот во траење од осум дена.​​

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег