Утрински Весник
Македонија

Млада жена со автомобил влета и ги искрши сите заштитни столбчиња наспроти Влада (ФОТО)

Stolbchinja 1.jpg

Автомобил попладнево влета на тротоарот спроти зградата на Влада на булеварот „Илинденска“ во Скопје и собори повеќе бетонски столбчиња поставени по работ.

Во инцидентот нема повредени лица, а направена е материјална штета не само врз столбчињата, туку и врз автомобилот со кој управуваше млада жена.

Полициски екипи ќе ја утрвдуваат причината за сообраќајната несреќа.

Можете да прочитате

Во близина на Виница пронајдено тело на маж со прострелна рана

СПМ: Нападнати полицајци пред дискотека во Скопје, осомничените пуштени

Кавадарчанец приведен за физички напад врз неговиот 74-годишен татко